Следи нѐ
To Top

Рок легендата Ian Gillan доаѓа со уникатен концерт во Скопје

Авалон Продукција ја затвора светската концертна сезона 2016 во Скопје.

Рок легендата Ian Gillan- еден од сигурно највпечатливите светски вокали на сите времиња доаѓа со уникатен концерт- со песни од Deep Purple, придружуван од бендот на Don Airey и Македонската филхармонија, под диригентство на Stephen Bentley- Klein, на 5ти ноември во ВИП Арената.

„Smoke On The Water“, „Black Night“ и „Perfect Stranger“.. се само дел од легендарните нумери кои ќе прозвучат пред македонската публика.

Ian-Gillan-B1

Со овој концерт, Авалон Продукција едноставно сака да им излезе во пресрет на сите оние коишто во изминативе неколку месеци чекаа и бараа од нас класичен рок концерт.

Имено, Ian Gillan се` уште активно настапува и распродава концерти насекаде во светот. Само минатата година тој настапи во 48 земји- со Deep Purple и како соло изведувач. Македонија ќе има навистина единствена шанса да го види легендарниот Ian Gillan во Скопје. Специјални гости на овој концерт ќе бидат Papa Le Gal.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.