Следи нѐ
To Top

МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА: Нашиот Мите Стоилков ја доби победничката статуа на „Пинк ѕвезди“

Мите победи во напнатото и неизвесно финале на шоуто

Македонскиот учесник и финалист на музичкото шоу “Ѕвездите на Пинк”, Мите Стоилков е победник на овогодинешната сезона. Вчеравечер во маратонското финале на шоуто, Мите успеа да ги победи сите српски и босански натпреварувачи, дури и оние кои важеа за фаворити на српската публика, и сето тоа благодарение само на одличните коментари на жирито и големиот број на СМС гласови од телевизиската публика.

Тој освои 22,91 процент од вкупните гласови. Зад него беа Јелена (21,28%) и Јанко (16,85%). Нашиот Адам заврши на шесто место со освоени 5,85 проценти од гласовите на балканската публика. Во прилог погледнете го прогласувањето на победникот:

Како награда за победата, Мите од продукцијата на Пинк добива снимање на песни, видеозаписи, албум, но и патување во Барселона. Ѕвездената победничка статуа на Мите му беше предадена од страна на Цеца, која на големото финале промовираше дел од песните од најновиот албум.

Во финалната емисија, нашиот Струмичанец отпеа познати македонски песни како “Зајди, зајди” и “Кирјана вино продава” со кои ги “купи” македонските и балканските гласачи.

Победата на Мите во српско талент шоу е уште една во низата победи на македонски учесници во овие шоу програми. Започнавме со големата победа на Даниел Кајмакоски во “Икс фактор”, за да продолжиме со победа на Дарко во “Големиот брат”, Даниел повторно во “Твоето лице звучи познато” и Горан Кукиќ во “Никогаш не е доцна”. Следно што преостанува е големата победа на една од двете македонски кандидатки во суперфиналето на “Ѕвездичките на Пинк”.

Аудициите за третата сезона на “Пинк ѕвезди” се веќе одржани изминатава недела во просториите на Сител, а избраните кандидати ќе ги гледаме од есен во шоуто на новите пинкови ѕвезди, во кое Драгана Мирковиќ завзема едно од столчињата на жирито.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.