Следи нѐ
To Top

Единицата за брзо распоредување насилно ги исфрли студентите од „Пленумот“ од пред СПУКМ

Единицата за брзо распоредување од своите возила ги изнесе гласачките кутии, а комисијата при обидот да ги внесе избирачките кутии во СПУКМ беше спречена од страна на студентскиот пленум, при што интервенираше ЕБР.

Тие насилно ги извлекоа студентите од ходникот и кутиите беа внесени во СПУКМ. Тензиите сѐ уште се во тек, а нема информации за повредени при судирите. ЕБР со своите штитови ги избутка студентите на улица, надвор од дворот на факултетите, а тие извикуваат „срамота “.

реклама

Претставниците на Студентскиот пленум велат дека специјалната полиција ЕБР насилно ги исфрлила од пред СПУКМ додека мирно седеле и го чекале досегашниот претседател на Студентскиот парламент, Кирил Спировски и претставниците на Парламентот коишто се обиделе да ги внесат гласачките кутии во просториите.

Изборниот ден помина со низа нерегуларности и технички недостатоци на кои од Студентскиот пленум постојано укажуваа.

При крајот на гласањето група луѓе, претставувајќи се како студенти, за дел од кои подоцна медиумите излегоа со податоци дека се вработени во локална администрација и симпатизери на владеачката партија, упаднаа на Правниот факултет и однесоа неколку кутии со гласови во седиштето на СПУКМ. Според универзитетскиот Статут ливчињата треба да се пребројуваат јавно на самите факултети.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.