Следи нѐ
To Top

ФИНАЛЕ НА „ЅВЕЗДИЧКИ“: Вечерва навиваме и гласаме за Антониа и Мартија

Во петок на 1 јули со почеток во 21 часот, македонските девојчиња Антониа и Мартија ќе ги бранат уште еднаш боите на Македонија во финалето на шоуто “Ѕвездичките на Пинк”.

Воедно, двете ќе се борат и за влез во завршницата, односно суперфиналето кое ќе се одржи во недела на 3 јули. И финалето и суперфиналето ќе се емитуваат на најгледаните телевизии во регионот, меѓу кои и Сител телевизија.

реклама

Во последната емисија, двете девојчиња блеснаа како светските ѕвезди Имани и Џеси Џеј со што уште еднаш ја воодушевија балканската публика и го разнежнија стручното жири. Дел од натпреварот не е повеќе третата македонска учесничка Елена, која минатата седмица не освои доволно гласови и замина од Пинковите ѕвездички.

Но, Мартија и Антониа се тука. Петочната вечер е уште една шанса за нив две да се покажат пред финалната борба и уште една шанса за македонските гледачи да ги поддржат младите надежи на нашата земја и да ги изгласаат за највисоките места во натпреварот на таленти.

Критериумите за влез во суперфиналето се се’ повисоки, затоа што место во суперфиналето ќе има само за најдобрите. Конкуренцијата е голема, но Мартија и Антониа имаат неспорен талент кој мора да го бодриме и да го наградиме.

Благодарение на вашите гласови, двете Македонки стигнаа дотука, и благодарение токму на вашите гласови, тие мора да стигнат до целта. Линиите се цело време отворени, постојано имате можност да гласате за нив на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : GLA (празно место) C и редниот број на кандидатката:

GLA C13 – за Антониа Гиговска

GLA C16 – за Мартија Станојковиќ

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.