Следи нѐ
To Top

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево и топло, попладне со пороен дожд

Времето во Македонија претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Позастапени процесите ќе бидат во крајните источни делови.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

реклама

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура до 19, а дневната ќе достигне до 34 степени.

Од недела до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.