Следи нѐ
To Top

Македонија го загуби финалето во одбојкарската Европска лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија е поразена во финалето на Европската лига од селекцијата на Естонија со 3-0 во сетови (25:19; 25:13 и 25:23).

Нашата репрезентација со поразот во финалето втора година по ред ова натпреварување го завршува како второпласирана, откако и лани на завршниот турнир загуби во финалето од Словенија.

Избраниците на селекторот Жарко Ристоски денеска беа совладани од Естонија, која со оваа победа ни се реваншираше за ланскиот пораз во полуфиналето на завршниот турнир. Нашите одбојкари само во третиот сет беа равноправни, додека првите два со подобра игра им припаднаа на ривалите.

Македонија оваа сезона во Европската лига на осум натпревари забележа седум победи и само еден пораз во финалето.

Во дуелот за 3.место на завршниот турнир Австрија го победи домаќинот Бугарија со 3-0 во сетови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Одбојка

error: Содржината е заштитена со авторски права.