Следи нѐ
To Top

Невремето направи проблеми во сообраќајот во Скопје (ВИДЕО)

Невремето со силен дожд и ветер што попладне го зафати Скопје предизвика проблеми во сообраќајот. Покрај поплави од краткотрајниот интензивен дожд на улиците се паднати гранки од дрвја. Најкритични се  кружниот тек кај хотел „Континентал“, како и подземните премини кај Бутел и булевар „Србија“.

Надлежните јавни претпријатија работат на расчистување на сообраќајници и нормализирање на сообраќајот.

Покрај во Скопје невреме со посилен интензитет имаше и во  Струмица и во Штип.


Видеото е преземено од Инстаграм.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 17 часот попладне најмногу дожд наврна во Берово, 26 литри на метар квадратен, 10 во Пожар  шест во Скопје Зајчев Рид, …..

УХМР најави дека од утре до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.