Следи нѐ
To Top

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Попладне можно невреме со дожд, град и грмежи

Управата за хидромотелеоролошки работи (УХМР) денеска соопшти дека во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со интензивен дожд и појава на град. Се очекува процесите да бидат почести во источните и во западните планински делови.

Подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на влажна и топла воздушна маса така што условите за нестабилност денеска попладне се особено поволни.

Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Температурата ќе се движи од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 34 степени.

Од недела до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.