Следи нѐ
To Top

Британскиот „Мирор онлајн“ пишува за убавините на Охрид

Величествената Македонија – една од неоткриените убавини во Европа, е насловот на статитијата во која за британски Мирор онлајн, Лора Милор напиша статија во која ги опишува убавините на Македонија.

– Речиси девет часот наутро, се наоѓам во едно од кафулињата на кристално чистото Охридско Езеро. Сопственикот ми препорача да пробам рибја чорба за појадок. Поминувам една недела во Македонија и веќе пробав печени полжави, пита исечена на мали парчиња  и големи колбаси во вообичаеното време за јадење, така што само реков „Кога е во прашање Македонија – целосно очекувам чинија полна со рибји глави и опашки“. Но, ми донесоа прекрасен оброк  подготвен од свежа, штотуку уловена риба. Сето тоа ме чинеше помалку од 1,2 фунти,  се наведува во статијата.

реклама

133242084

Историскиот град Охрид, истакнува, е веројатно најпопуларното туристичко место за коешто никогаш немав слушнато. Се наоѓа во југозападниот дел на  затворените балкански републики, што биле дел од  поранешна Југославија. Таму доаѓаат илјадници туристи од цел свет за да уживаат во прекрасниот Охрид, кој е заштитен од УНЕСКО и преполн е со православни цркви, меѓу кои и „Свети Јован  Канео“.

Милор нагласува дека во Македонија има над 50 езера, три огромни национални паркови и неколку региони во кои се произведува грозје. Од него се произведува феноменално, но и навистина евтино вино.

За престојот во Скопје, родното место на Мајка Тереза, наведува дека ја потсетува на Лас Вегас.

– Има прекрасни стари населби, а најмногу сакав да шетам во Старата чаршија. Лавиринт од камени улици со кафулиња, примамливи пекарници и продавнички. Но, пред пет години, Владата го разубави градот кој во 1963 година беше уништен од земјотрес. Изградиле статуи на некои од најголемите ликови од македонската историја, како Александар Велики и Кралот Филип Втори. Покрај кејот на реката Вардар има неколку градби за кои подоцна дознав дека се музеи или службени згради. На само 20 минути од главниот град, отидов во кањонот Матка. Прекрасно место кое го „сече“ реката Треска, каде се наоѓаат десетици пештери. Патував со брод до пештерата Врело.

Можеби е опколена само со копно, но има огромна историја, храна и одлична забава во оваа балканска земја. Патувањето низ Македонија е одличен начин за да се запознае оваа фасцинантна, но потценета земја, наведува Милор.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.