Следи нѐ
To Top

МАКЕДОНИЈО ГЛАСАЈ ЗА ПОБЕДА НА „ЅВЕЗДИЧКИ“: Мартија со светски настап со хитот „Radioactive“ (ВИДЕО)

Громогласен аплауз од публика беше она што следеше по фантастичниот настап на нашата најмила Мартија Станојковиќ, која вечерва во големото суперфинале се претстави првин со “Radioactive” од Imagine dragons.

– Мене веќе ми е непријатно да те фалам. Немам зборови, не знам како да те искоментирам. Ова вечерва ми е еднакво задоволство како што ќе ја гледам Бијонсе во септември во Америка. – искоментира Милан. Најголеми епитети за неа даде и Томашевиќ – вонсериска, раскошна, моќна, спектакуларна.

реклама

Најголемиот поддржувач на Мартија, Гоца Тржан, не е вечерва дел од жирито проади приватни обврски, но затоа нејзиниот заменик Сале го искористи истиот жар за да ја искоментира совршеноста на нашата кандидатка.

– Опасна си, вистинска опасница – додаде Леонтина – Кој на тебе би ти дал 12 години, а пееш како да имаш над 20 години. Биди ваква каква што си!


Martija Stanojković – Radioactive by PinkoveZvezde

Па почитувани читатели, благодарение на вашите гласови, Мартија стигна дотука, и благодарение токму на вашите гласови, таа мора да стигне до целта и да го освои и небото, кое за неа ќе биде лимит. Линиите за гласање се цело време отворени, постојано имате можност да гласате за неа на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : GLA (празно место) C и редниот број на кандидатката:

GLA C16 – за Мартија Станојковиќ

Македонците со своите таленти успеаа да победат во Икс фактор, Твоето лице звучи познато, Големиот брат, Никогаш не е доцна и Ѕвездите на Пинк. На ред е најголемата победа во “Пинк ѕвездички” – во недела на 3 јули. Затоа, Македонијо гласај за големата победа!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.