Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со засилен северен ветер – од вторник заладување

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија засилен северен ветер, каде што повремено ќе достигнува брзина околу 70км/ч. 

Минималните температури ќе бидат од 14 до 21, а максималните до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

реклама

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.

Во вторник во вечерните часови,  како и во среда попладне и во текот на ноќта  кон четврток ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во благо опаѓање.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.