Следи нѐ
To Top

Откриени 96 мигранти во камион кај Гевгелија

На автопатот А1 Гевгелија-Скопје, во близина на клучка Прдејци, вчера во 06,15 часот од страна на мешовит патролен тим, било откриено кривично дело „криумчарење мигранти“ сторено со товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

МВР денеска соопшти дека во товарниот простор на „Мерцедесот“ биле затекнати 96 лица-мигранти од Пакистан, Авганистан, Ирак и Сирија.

реклама

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.