Следи нѐ
To Top

Чудо на минијатурна уметност: Слонови изрезбани во молив

Кога во декември минатата година на Интернет се појави скулптура на воз направена од молив, уметничката Синди Чин не можеше ни да претпостави дека ќе добие ангажман во музејот „Епифани Елефант“, каде задача и беше од молив да изрезба слон.

За таа цел, Чин еден молив да го изрезба во форма на семејство слонови кои безгрижно шетаат низ националниот парк Серенгети и во тоа успеа со помош на лупа која зголемува 90 пати.

реклама

– Беше многу тешко да се изрезбаат ситни детали на слоновите, како и сурла на младенчето за да не се скрши, рече Чин.

По овој потфат, таа се одлучи за уште нешто уште комплицирано, односно за социјална ангажираноста за заштита на слоновите, кои се загрозени од ловокрадците.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.