Следи нѐ
To Top

ПРИЛЕП ВЕ КАНИ НА ЗАБАВА: Во четврток започнува „Пивофест 2016“

Прилеп е подготвен за почетокот на 14-тото издание на најголемата и најмасовна манифестација во земјава – Фестивалот на пивото и скарата „Пивофест“.

На денешната прес конференција градоначалникот Марјан Ристески заедно со претставниците од пиварите кои се составен дел од фестивалот, ги објансија сите детали околу организацијата на „Пивофестот“ и ги поканија гостите на добра забава.

реклама

Ристески го потенцира дружењето меѓу домаќините и очекуваните над 350.000 гости, економскиот бенефит на градот и регионот, а вети максимална безбедност и прифаќање на сите оние кои во најавените 4 дена ќе бидат гости во Прилеп, а на кои на располагање им се околу 20.000 паркинг места:

– „И на овој Пивофест ќе имаме многу испиено пиво, многу изедена скара и одлична забава. Пивофестот не е само обичен фестивал туку голема туристичка атрација на градот и на Република Македонија. Очекуваме од 350.000 до 400.000 гости колку што стандардно го посетуваат фестивалот. На Пивофест има 3 во едно, а тоа се: преку 40 видови пиво, квалитетната скара и добрата забава во текот на сите 4 дена“.

Од здружението на граѓани ЦГИ – Прилеп посочија дека на 20.000 метри квадратни ќе бидат поставени 30-тина штандови. Хотелските капацитети и приватното сместување се скоро исполнети, а место се бара и во околните градови. Поради добрата услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.

Инаку на прес конференцијата од страна на пиварите беше потенцирано дека годинашниот „Пивофест“ ќе биде во знакот на многуте изненадувања.

Како и минатата година така и оваа, сите кои сакаат да патуваат со воз ќе можат да го посетат Пивофест 2016 во Прилеп бесплатно со возовите на Македонски Железници. Фестивалот на пивото ќе се одржи од 14-ти до 17-ти јули.

Повелете во Прилеп!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.