Следи нѐ
To Top

Повредено лице во сообраќајка во скопска Автокоманда

Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што се случи утрово во скопската населба Автокоманда, кога патничко моторно возило „пежо 206“ излетало од коловозот на надвозникот кај клучката „Дијамант“.

Како што потврдија за МИА од полицијата, во СВР – Скопје утрото околу 07.30 часот е пријавено дека „пежото“ излетало од коловозот кај клучката „дијамант“ и паднало на коловозот на бул. „Александар Македонски“. Во возилото било смао едно машко лице, кое со возило на Итната медицинска помош е пренесено во ургентниот центар „Мајка Тереза“.

реклама

Во тек е увидот на местото на сообраќајната несреќа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.