Следи нѐ
To Top

МЕТЕОАЛАРМ: Македонија во жолта фаза, високи температури и УВ-зрачење

Територијата на цела Македонија денеска ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, најави метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево и многу  топло со слаб ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од 20 до 39 степени.

реклама

Поради тоа, Министерството за здравство вчера апелираше граѓаните од цела држава да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната.

На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија. Информации за топлотните бранови континуирано се објавуваат на www.toplotnibranovi.mk.

Како што најави УХМР, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, која повеќе ќе биде застапена во источните делови од земјата. Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен ветер од западен и југозападен правец.

Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено повеќе во северните делови на земјава. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.

За време на викендот ќе преовладува претежно облачно, ветровито и доста свежо време со локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува повторно стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.