Следи нѐ
To Top

Општина Прилеп со подарок и изненадување за четвртиот роденден на Популарно.мк

Денес на вториот официјалален прес на кој што освен водителите Жаре и Маријана присуствуваше и нашата Каролина Гочева која вечерва настапува и која што беше видно пречекана и градоначалникот на град Прилеп Г-нот Марјан Ристески беше организирано мало изненадување за нашиот информативен веб портал Популарно.мк којшто вчера одбележа четири години од своето постоење.

Како долгогодишни соработници и пријатели на Општина Прилеп, бевме изненадени со прекрасна резба на слика со препознатливиот прилепски саат кула кој  како што велат прилепчани постар е и од Биг Бен во Лондон и преубава торта со логото на порталот.

Редакцијата на Популарно.мк ја користи оваа пригода јавно да се заблагодари лично до градоначалникот Марјан Ристески и целата администрација во Општина Прилеп за изненадувањето и поддршката кон нашиот портал.

13707563_1116683305068291_8749686305914679235_n[1]

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.