Следи нѐ
To Top

Ердоган предупредува на нов обид за воен удар

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика граѓаните да останат на улица и предупреди од можност од нов обид армијата да ја преземе власта.

– Нов обид од воен удар може да се случи секој момент, треба да ја задржиме контролата над улиците, напиша Ердоган на Твитер,

Претходно, вршителот на должност началник на Генералштабот на турската армија генерал Јумит Дјундар изјави дека војската е одлучна да ги отстрани членовите на „паралелната структура“ од своите редови.

Генерал Дјундар наведе дека 194 луѓе загинаа во обидот за пуч. Тој прецизира дека меѓу убиените 41 се полицајци, двајца војници, 47 цивили и 104 пучисти.

Според него припадници на воената авијација, на воената полиција и на оклопните единици учествувале во воениот удар.

Во меѓувреме, Анадолија јави дека околу 700 војници и официри го предале оружјето и излегле од седиштето на ГШ на турската армија, а потоа се предале на полицијата.&

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.