Следи нѐ
To Top

Чорба за камперите на стартот на последниот ден од Пивофест (ФОТО)

Четвртиот фестивалски ден започна со традиционалната утринска чорба за камперите во Могилата на непобедените, која им ја послужи градоначалникот Марјан Ристески.

Секоја година Могилата на непобедените изобилува со многу љубители кои сакаат авантуристички начин на одмор и добра забава, а утрото им почнува со вкусна џорба и утринско кафе и чај.

реклама

Градоначалникот во својата изјава посочи дека е презадоволен што вечерта помина одлично, градот беше преполн, забавата одлична, но пред се – народот задоволен.

_MG_8812

Вечерва прва на сцената ќе ја видиме српската дива Александра Радовиќ, за веднаш потоа атмосферата да се вжешти со маестралниот Дејан Петровиќ и оркестарот „Биг Бенд“. Публиката со нетрпение ги очекува „Парни Ваљак“ со кои и ќе биде затворен овој 14. по ред „Пивофест“.

Еден е фестивалот!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.