Следи нѐ
To Top

Кристијано Роналдо замина на одмор со мама

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо замина на заслужен одмор.

Откако Португалија неодамна го освои Европското првенство во фудбал, Роналдо реши да се одмори, што секако ќе биде добро и за неговото повредено колено, кое настрада во финалниот натпревар против Франција.

За дестинација ја одбра шпанската Ибица, но на ова патување не замина со пријателите, туку и со целото семејство, за што најми луксузна јахта, чие изнајмување чини 40.000 фунти на ден.

Поголемиот дел од времето, фудбалерот го минува сончајќи се и забавувајќи се со синот Кристијано Џуниор, кој е негова слика и прилика.

Кристијано покажа и колку води грижа за заштита од немилосрдното сонце, а фотографиите на кои мајка му го мачка по грбот го обиколија светот во рекорден рок.

И додека некои сметаат дека тоа е „слатко“, други како едвај да дочекаа уште малку да се пошегуваат на сметка на „маминото синче“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

error: Содржината е заштитена со авторски права.