Следи нѐ
To Top

Со спектакуларен огномет и настапот на Парни Ваљак заврши „Пивофест 2016“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со спектакуларен огномет и настапот на балканската ѕвезда Аки Ракимовски и Парни Ваљак синоќа и официјално се заокружи 14. издание на Фестивалот на пивото во градот под Марковите кули.

Многубројната публика како од земјава така и од другите држави, уживаше во богатата програма на „Пивофест“ во градот под Марковите кули.

Изминативе четири дена, Прилеп беше домаќин на една од најпосетените манифестации во Македонија – „Пивофест 2016“.

<
>

Во текот на четирите дена, на сцената застанаа музички ѕвезди од земјава и регионот, а завршницата на манифестацијата беше пропратена и со спектакуларен огномет.

Александра Радовиќ настапи прва на последната вечер на „Пивофест 2016“, а Дејан Петровиќ и „Биг Бенд“ дополнително ја вжештија атмосферата и ги воодушевија посетителите.

Фестивалот на пивото и скарата беше затворен со настап на бендот „Парни Ваљак“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.