Следи нѐ
To Top

Во Кина се наоѓа најчудната плажа во светот – капење во алги

Секоја година од последните девет години, плажите во близина на кинескиот град Кингдао, во покраината Шандонг, се преплавени со тони алги.

Алгите (eneromorpha prolifera) се размножуваат со толкава брзина што во јули 2013 година прекрија површина со големина на американската сојузна држава Конектикат.

Проблемот се појави во 2007 година, кога локалните фармери го променија начинот на кој ги чистат пловните сплавови. Дрвените сплавови се користат  за одгледување нори, алга што се јаде и која е многу популарна во Јапонија.

Кога на пролет се чистат сплавовите од нив отпаѓаат алги што, заедно со останатата морска трева, заминуваат во топлото Жолто Море.

Научниците сметаат дека претераното размножување на алгите е предизвикано од фактот дека фармерите почнале да ги чистат сплавовите во горниот тек, што на алгите им нуди повеќе време да се размножат и да дојдат до брегот.

Меѓутоа, на туристите оваа наезда од алги очигледно не им пречи бидејќи на интернет можат да се видат бројни фотографии на кои се валкаат по лигавите зелени полиња.

Уште повеќе, „капењето“ во алги станало еден вид традиција која сега ги привлекува туристите од цел свет.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.