Следи нѐ
To Top

По обидот за воен удар во Турција уапсени 9.332 луѓе

Во Турција се покренати се судски процеси против 9.332 луѓе под обвинение дека се вмешани во обидот за воен удар, соопштија денеска турските власти.

Под обвинение за организирање на воен удар приведени се 9.332 луѓе, меѓу кои и двајца воени советници на претседателот, 492 соработници на Дирекцијата за религиозни прашања. сто полицајци, 6.038 војници, 755 судии и обвинители, над 250 соработници во кабинетот на премиерот и 650 граѓани.

реклама

Повеќе од 250 вработени во кабинетот на турскиот премиер Бинал Јилдирим се отпуштени од работа поради поврзаност со пучот од 15 јули. Во службата на премиерот работаат вкупно 2.600 лица.

Телевизијата „Јени шафак“ јави дека најмалку 180 луѓе од турската Национална разузнавачла организација (МИТ) се отстранети од работните места, поради сомневање дека се вмешани во обидот за соборување на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Телевизијата наведе дека сите 180 лица биле во резерва и очекувале да добијат државна служба.

Според последните информации, во обидот за воен удар загинаа 190 цивили и повеќе од сто пучисти, а околи 1.500 лица се повредени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.