Следи нѐ
To Top

КУЛТУРНО ЛЕТО ВО ШТИП: Концерт на Љубојна пред мултимедијалниот центар Канал 77

Мултимедијалниот центар Канал 77 оваа летна сезона ќе реализира музичко-сценски настани, кој што ќе бидат и дел од видео продукцијата на Канал 77.

Позначаен настан е концертот на групата Љубојна на ден 21 јули 2016 година.

реклама

Кога нешто се користи без знаење и без вкус се запаѓа во шунд. Во ова време и во невреме за македонската естрада, групата Љубојна го има обезбедено статусот на вистински бранители и реаниматори на македонската фолк музика. Групата Љубојна е синтеза на акустична, електронска, традиционална и современа музика.

Таа страсно ја свири оваа музика во сите нејзини форми: во нејзината изворна, класична, популарна, експериментална форма. Со интенција ваквата уметничка форма на македонската фолк музика да им ја доближиме на публиката и да овозможиме едно спојување со македонскиот мелос Радио Кафе Канал 77 на 21 јули ќе реализира сценско-музички настап на група Љубојна.

На големата сцена на мултимедијалниот центар пред штипската публика ќе се престави група Љубојна со Brass fantasy и виртуозot Џамбо Агушев.

Влезниците за концертот се по цена од 250 денари и истите се пуштени во продажба во Радио Кафе Канал 77 и продажната мрежа на купи карти за се.

Повелете на прекрасна забава на која ќе ја почувствувате оригиналноста на македонската музичка уникатност.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.