Следи нѐ
To Top

Новата сезона на „Игра на престолите“ одложена за следното лето

Телевизиската куќа ХБО потврди дека седмата, претпоследна сезона на „Игра на престолите“, ќе има седум епизоди, но за фановите се подготвени уште лоши вести.

Најавено е дека премиерата на сезоната ќе доцни поради одложување на продукцијата, па на екраните ќе дојде дури следното лето, објави „Ентертејмент Викли“.

реклама

Продукцијата на седмата сезона е одложена затоа што авторите сакаат да снимаат во вистински зимски услови во Северна Ирска, Исланд и Шпанија.

Се очекува на фановите кои со нетрпение ја очекуваат седмата сезона, тешко да им биде ова одложување.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Промо

error: Содржината е заштитена со авторски права.