Следи нѐ
To Top

Цеца на 28 август доаѓа во Македонска Каменица

Најголемата балканска ѕвезда на денешницата, фолк дивата Цеца ќе одржи спектакуларен концерт во Македонска Каменица. Концертот ќе се одржи на Градскиот плоштад, на 28-ми август, а Македонска Каменица веќе наголемо се подготвува да ги урне сите досегашни рекорди по број на посетители.

Покрај Цеца, за најголемо балканско музичко шоу ова лето се потврдени и настапите на Мирослав Илиќ, Ален Хасановиќ, Сузана Гавазова, Филип Божиновски, Драган Мијалковски и многу други. Очекувањата се дека, во трите вечери, од 26-28 август во Македонска Каменица ќе дојдат повеќе од 50 000 гости кои покрај концертите ќе може да видат комплетно аудио-визуелно шоу и спектакуларен огномет.

реклама

Концертите се одржуваат по повод одбележувањето на 20-годишнината на општина Македонска Каменица. Генерални покровители се општина Македонска Каменица и Рудник за олово и цинк „Саса“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.