Следи нѐ
To Top

Соларниот авион „Сончев импулс“ тргна на својата последна етапа од патот околу светот

Авионот на соларен погон „Солар импалс 2“ денеска од Египет ја почна својата последна етапа од патот околу светот, што ќе биде првпат некое летало да ја обиколи Земјата без капка гориво.

„Солар импалс 2“ рано утринава, во темница, полета од Каиро кон Абу Даби, на својата конечна дестинација, а се очекува летот да трае меѓу 48 и 72 часа, пренесоа британските медиуми.

Зад командите на овој авион едносед, што на пат околу светот тргна од Абу Даби во март 2015 година, се менуваа швајцарските пилоти Бертран Пикар и Андре Боршберг.

Овој проект беше почнат за во јавноста да зголеми поддршката за технологијата на чиста енергија.

-Летот околу светот се завршува во Абу Даби, но тоа не е крај на проектот, изјави Пикар неколку дена пред полетувањето.

„Солар импалс 2“ лета без капка гориво, а неговите четири мотори работата исклучиво на погонот на сончевата енергија која ја собираат повеќе од 17.000 соларни ќелии, сместени на крилата на авионот.

Соларната енергија се собира во текот на денот и таа се чува во батериите за авионот со помош на електрична енергија да лета ноќе.

Распонот на крилата од соларниот авион е поголема од распонот на крилата на „боинг 747“, леталото е тешко како семеен автомобил, а во текот на летањето достига брзина меѓу 55 и 100 километри на час.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

error: Содржината е заштитена со авторски права.