Следи нѐ
To Top

ГО ЗАПАЛИЈА БАЛКАНОТ, НА РЕД Е ОХРИД: Тајзи и Спејко најавија голем концерт

По „Палимо“ која е веќе летен хит на просторите на бивша Југославија, Тајзи најавува нови песни во август, а наскоро се очекува и новиот албум.

Во меѓувреме заедно со Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат“ работат на проект за една од најдобрите балкански продукции „Балкатон“ од соседна Србија, зад која стои хит мејкерот Раста кој ги руши Јутјуб рекордите.

„Публиката ја препознава енергијата која ја носиме со себе, па затоа каде и да се појавиме ги полниме клубовите, а веќе и плажите низ земјава и регионот“, вели Тајзи.

Најавуваат турнеја низ Македонија,  а еден од најголемите  настани е концертот во Охрид на плажата „Немо“ на 30-ти јули во сабота . Турнејата продолжува во Дојран, Струга, Виница, Тетово, Битола, Гевгелија, Пробиштип, Преспа, Кавадарци и Прилеп.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.