Следи нѐ
To Top

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ФАНОВИТЕ: Најавена четвртата сезона од ТВ серијата „Шерлок“ (ВИДЕО)

Британско-американската телевизиска серија „Шерлок“, во која главниот лик маестрално го отелотвори ѕвездата од Лондон, Бенедикт Камбербач, се враќа во 2017 година.

Трејлерот за четвртата сезона е објавен на неодамнешната стрип конвенција „Комик Кон“ во Сан Диего. Новите епизоди се знае дека ќе се прикажуваат наредната 2017 година, но точните датуми се уште не се одредени, иако гласините велат дека премиерата на првата епизода ќе се случи на 1 јануари, а продолженијата ќе следат во февруари.

реклама

Творците на серијата најавија дека новите епизоди ќе бидат најмрачни досега. Во сета таа тмурна атмосфера, веројатно ќе следи и посебно божиќно издание, со наслов „Ужасната невеста“, во кое е најавено враќање на главниот негативец Моријарти. Нема да изостане ниту специфичниот хумор, карактеристичен за оваа серија.

Продуцентите исто така нагласија дека ова нема да биде последна сезона. До подетални информации, погледнете го трејлерот за возбудливата нова сезона.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Промо

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.