Следи нѐ
To Top

РАБОТНО ЛЕТО: Нокаут ја почнаа летната турнеја со нова песна и спот

Својата летна турнеја, НОКАУТ ја појачуваат со нова песна и нов спот.

Со “Трип”, бендот му се враќа на ритамот кој беше препознатлив за нивниот прв албум, но секако зачинет со модерен призвук. А, се врати и авторската екипа од тие времиња. Со Никола Перевски-Пере, кој е автор на музиката, работеа и Дарко Димитров (аранжман) и Александар Ристевски-Принц (текст).

За доживувањето да биде комплетно, Горила Филмс сними и видео запис за песната, на кој работеше тандемот Горан Костадинов режија и Ѓорѓи Клинчаров директор на фотографија. Снимен е на локации во Шпанија и Грција, а она што го гледате во спотот – љубов, сонце, море, насмевки, убав живот – е сето она што НОКАУТ ви го посакуваат секое лето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.