Следи нѐ
To Top

Стринг Форсис со втор сингл и видеозапис (ВИДЕО)

Стринг Форсис, групата која нешто повеќе од две децении опстојува меѓу предводниците на македонската современа музичка сцена, по композицијата „Ние сме“, го објави и вториот сингл од новиот албум! Синглот насловен „ТИШИНА“, групата го промовира и со видеозапис, со која го наговестува своето ново лонгплеј издание кое пак го очекуваме оваа есен.

Во реализацијата на видеозаписот и за синглот „ТИШИНА“, како соработници на Стринг Форсис се потпишуваат Тања Рибарска (видео, монтажа), Гоце Наневски (фотографија, видео), Кристијан Теодоров (Мелем продукција) и Виктор Битовски.

Најновите остварувања на Стринг Форсис во секој поглед се доследни на автентичниот израз и звук на групата, но дополнително ги најавуваат следните активности во нивниот нов творечки потенцијал.

Највидливата промена во таа смисла е во составот на групата, која за прв пат има активен пијанист – Дамјан Темков. Исто така по неколку години во групата е повторно и Александар Стојанов Зорин. Сето тоа заедно го комплетира бендот како шестчлен состав: Александра Мангаровска Милиќевиќ, Александар Стојанов Зорин, Дориан Јовановиќ, Дамјан Темков, Александра Кузман, Благојче Пенов. Новиот албум е во основа дело на групата во овој состав, која воедно ја најави и можноста за интересно гостување-соработка, но за сега тоа останува тајна.

Материјалот за албумот е спремен и снимен, а остануваат уште мали доработки пред неговото официјално објавување кое е планирано да биде на есен. Во наредниот период публиката ја очекува и промоцијата на документарниот филм за Стринг Форсис кој веќе подолго време се подготвува и е конечно спремен за премиерното прикажување пред јавноста.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.