Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со умерена облачност – топло за време на продолжениот викенд

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните и југозападните подрачја не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 22 до 33 степени.

реклама

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

 Температурата ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на температурата, но до петок во попладневните часови не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, претежно во западните делови. Особено топло ќе биде за време на викендот и во понеделник.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.