Следи нѐ
To Top

Џенифер Анистон се расплака пред фановите

Според многумина една од најубавите жени во светот, актерката Џениер Анистон, заврши во солзи по разговорот со еден од фановите, одговарајќи на прашањето дали некогаш се разбудила незнаејќи која е.

Славната актерка со фановите се дружеше во текот на италијанскиот филмски фестивал Џифони, а нејзиниот емотивен одговор беше повеќе од што очекуваа оножавателите.

реклама

– Во целата оваа просторија нема доволно прсти за да се набројат сите оние ситуации кога сме се чувствувале така изгубено. Ние сите сепак сме човечки суштетства, без оглед дали сме келнерки, пекари, студенти или нешто друго. Понекогаш на крајот од денот едноставно со главата удираш во ѕидот и мислиш дека не може понатаму, и одговори Анистон на тинејџерката која и го постави ова „тешко прашање“.

– Ова е премногу, не можам тоа да го поднесам, болката е премногу силна. Или дали сум доволно добра? Дали ќе преживеам? Не знам како, но по некое чудо сепак секогаш преживувам. Едноставно си велам дека можам и го повторувам колку што треа, објасни актерката во текот на емотивната исповед што ја доведе до солзи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.