Следи нѐ
To Top

ЗАБАВА ЗА МЛАДИТЕ: Три дена „Summer beach festival” во Охрид

Овој викенд, пред големиот македонски празник Илинден, Охрид е градот кој е центарот на сите музички случувања во Македонија. Еден од тие настани е и „Summer beach festival”, тродневен фестивал кој ќе се одржи на плажата „Немо“, а ќе опфати дел од моментално најбараните артисти на балканот.

30 јули, сабота е резервиран за Тајзи и Спејко со концерт во живо. За првпат пред публиката ќе се престават и со дел од новиот материјал.

реклама

На 31 јули настапува грчката диџеј атракција Bang La Decks, дуо кое ги освои светските топ листи со хитови во егзотичен џангл ритам. Нивните песни се дел од сетовите на AfroJack, Rehab, Benny Bennasi, Avicii. Во недела ќе имаат неколку часовен сет на плажа „Немо“.

1 август, понеделник е резервиран за српскиот хитмејкер Раста, кој руши рекорди на Јутјуб. Неговиот најнов сингл „Еуфорија“ за само неколку недели има 14 милиони прегледи. Регетон изведувачот Раста за првпат доаѓа во Охрид и ветува одлична забава со неговите најголеми хитови – „Кавали“, „Кавасаки“, „Хабиби“, „Мала“.

Пред настапите на балканските ѕвезди, атмосферата ќе ја загреваат диџеи.

Картите се по промотивни цени :

  • Тајзи и Спејко 30 јули 200 денари
  • Bang La Decks 31 јули 300 денари
  • Раста 1 август 300 денари

Блок карта за сите 3 вечери ќе може да се купи по цена од 600 денари. Картите во претпродажба може да се набават на градскиот плоштад во Охрид.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.