Следи нѐ
To Top

Ова е најстрмната улица во светот

Улицата Болдвин во Данидин во Нов Зеланд е најстрмната станбена улица во светот, според Гинисовата книга на рекорди. 

Таа е долга повеќе од 350 метри, а на својот највисок дел (долг 70 метри) има наклон од 19 степени. Тоа значи дека на секои 2,86 метри должина се издига за еден метар.

реклама

Долниот дел е направен од асфалт, додека во горниот на асфалт е додаден бетон.

Нејзината стрмност не е намерна. Кога таа била изградена во 19. век, почитуван е мрежниот образец за поставување улици без оглед на конфигурацијата на теренот.

Таа името го добила по Вилијам Болдвин, локален политичар и основач на дневниот весник „Отаго“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.