Следи нѐ
To Top

Саша Ковачевиќ ќе се дружи со фановите во Охрид

Саша Ковачевиќ активно се подготвува за големиот концерт на стадионот Билјанини Извори.

Во Охрид е веќе од четврток, бидејќи многу го сака овој град. Како што изјави во една пригода, Охрид му е во срцето и дефинитивно  е во првите три омилени градови во светот.

реклама

Во петок Саша ќе ги посети најпознатите плажи во Охрид и Струга и одблиску ќе се дружи со своите фанови, а вечерта ќе биде на градскиот плоштад во Охрид.

Во сабота се подготвува огромно шоу на стадионот Биљанини Извори. Сето тоа што се случуваше во Скопје, во Охрид ќе биде многу поголемо. Журката ќе биде многу поголема бидејќи концертот е на отворено, ќе има огромна продукција, перфектна сцена со огромни димензии и светско осветлување и озвучување.

Билетите се во продажба по цена од 500 денари, а има и организиран превоз од сите градови во Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.