Следи нѐ
To Top

Забранета емисијата на Миленко Недеделковски поради „Вистината за Макпетрол“ (ВИДЕО)

Во текот на вчерашниот ден, Миленко Неделковски, на својата фан страна на социјалната мрежа Фејсбук, објави пост, со видео од нова емисија во склоп на своето шоу, насловена како Вистината за Макпетрол, Оилко и Андреја Јосифовски.

Премиерата на оваа емисија не беше емитувана на ТВ. Дали поради некоја причина на некого не му одговарало оваа емисија да биде емитувана пред македонската јавност?

реклама

Утрово, Неделковски преку својата фан страна, повторно се обрати кон своите фанови со информација дека во текот на ноќта се случил обид видеото да биде отстрането, со цел спречување на негово ширење и прегледување на YouTube. Тој во својот нов пост напишал:

Бидејки во последните 12 саати имаше десетици обиди да биде симната емисијата од мојот Јутјуб канал, бидејки имаше обиди за бришење и уништување на материјалот, соопштувам дека на крајот НЕ УСПЕАЈА.

За сите илјадници луѓе што не ме оставија да спијам синоќа и да бидам раат утрово, ова е инфото.

Фамата околу Макпетрол не стивнува

Преземањето на најголемата компанија за нафта во Македонија, Макпетрол, од страна на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, за кое што инвеститорите се во исчекување на одговор од КХВ за издавањето на дозволата, е сè поактуелна тема, која најмногу ги интересира акционерите и вработените во оваа компанија.

Откако беше јавно објавена намерата на БПХЛ да ја преземе компанијата, македонската јавност е преплавена со безброј информации и напади упатени кон БПХЛ, со седиште во Лондон, со обвинувања дека истата е оф-шор компанија, со бизнисмени кои биле поврзани со сомнителни зделки и слично.

Дополнително се појавија и нови информации кои го поврзуваат првиот човек на Макпетрол со компанијата Petroimpex (Overseas) Limited, која според добиени информации била формирана пред повеќе од 20 години во период кога Кипар сè уште била оф-шор дестинација, со бизнис партнерот, Милан Сотивовски, кои делеле по 25% учество заедно со Макпетрол со 50% учество, нешто за кое според информациите акционерите воопшто не биле запознаети.

Оваа компанија била затворена во 2013, три години откако во Кипар се носи нов закон и правила дека земјата повеќе не претставува оф-шор дестинација и е во рамките на ЕУ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.