Следи нѐ
To Top

Преспа ги надмина рекордите на посетеност

Сместувачките капацитети на Преспанското крајбрежје се исполнети. Според првиот дел од оваа летна туристичка  сезона, годинава ќе бидат срушени сите рекорди по посетеност во Преспа во последните дваесет години, оцени градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.

Причина за тоа, според него, се убаво уредените и современо опремени плажи на брегот на Преспанскот Езеро, но и ниските цени во угоститлските објекти.

–    Убаво уредените и современо опремените плажи на Преспанското крајбрежје, каде покрај постоечките во функција се ставија две нови и тоа во Стење и во Сливница, но и ниските цени на угостителските услуги  само по себе доведува до зголемен број на посетители од околните населни места во пелагониоскиот регион, цела држава, а посебно од дијаспората,  вели Стрезовски.

За викендите на плажите во Сливница, Претор, Стење, Долно Дупени и Отешево се бара место повеќе, а бројот на посетители надминува 10.000 дневно, што, како што нагласи градоначалникот, е најмаркантниот доказ за туристичката ренесанска која Преспа ја доживува деновиве.

–    Сместувачките капацитети, кои за жал се во мал обем во Преспа се исполнети, но радува фактот што во приватните сместувања во околните крајбрежни преспански села се бара легло повеќе. Она што оваа година го гледаме во Преспа дефинитивно не насочува не само на локално ниво,  туку и институциите на национално ниво да превземеме многу поефикасни и подиректни активности во овозможување на изградба на сместувачки капацитети по Преспанскиот брег, изјави Стрезовски.

Бројот на гости се очекува да го достигне макисмумот во претстојниот викенд и за 2 август, а посетитлеите ќе имаат можност да се забавуваат и на првиот „Преспа урбан фест“ што од вечерва до недела ќе се одржува на Плоштадот во Ресен.

Во трите вечери на забава ќе настапат Тамара Тодевска, ДНК и „Ај кју“, „Градус“ и „Ние другарите“, диџеите Јошевски, Никифор, Шорти Пи, Блаже…

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.