Следи нѐ
To Top

Згодниот син на Мик Џегер стана манекен

Џејмс Џегер, постариот син на легендарниот британски музичар Мик Џегер и манекенката Џери Хол, е избран за заштитно лице на машката колекција на модниот бренд „џими чу“.

Триесет годишниот Џејмс, кој премногу потсетува на неговиот татко, сепак одлучил да ги следи стапките на мајка си, која влијаела на неговиот моден стил. Освен со моделинг, младиот Џегер се занимава и со глума, а забележал и неколку помали улоги на филм и телевизија.

реклама

Досега играл во „Sex & Drugs & Rock & Roll“, „Mr Nice“ и „Stealing Summers“, а доделена му е и една од главните улоги во серијата „Vinyl“, која се занимава со рокенрол музиката во 70-тите години.

Иако татко му е еден од најпознатите рокенрол музичари на 20. век, сепак Џејмс неодамна откри дека музиката никогаш не била важен момент во неговиот живот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.