Следи нѐ
To Top

ПРАЗНИЧНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и многу топло – од вторник дожд и заладување

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Утринските температури ќе се движат во интервалот од 13 до 21 а дневната највисока температура од 29 до 37 степени.

реклама

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а дневната ќе достигне до 33 степени.

Утре и на почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и многу топло. Во вторник попладне и во среда повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.