Следи нѐ
To Top

Полицаец загина при интервенција за семејно насилство во Средорек

При интервенција по пријава за семејно насилство синоќа во кумановската населба Средорек животот го загуби еден припадник на полициските сили.

Според првичните информации, синоќа пред 23 часот, полицаецот бил прободен со нож, по што по здобиените повреди починал.

Од Основното јавно обвинителство – Куманово информираа дека напаѓачот е приведен, а дежурен јавен обвинител извршил увид на мењстото на настанот.

Како што стои во соопштението од Основното јавно обвинителство, при интервенцијата, пријавениот за семејно насилство ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во пределот на грбот.

Поради сериозноста на повредата, се наведува во соопштението, полицаецот починал пред да пристигне екипата за медицинска помош.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.