Следи нѐ
To Top

Зголемен интензитетот на сообраќајот

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

Од АМСМ информираат дека на граничниот премин Богородица поради зголемената фреквенција можни се задржувања до 30 минути. На останатите граничните  премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

реклама

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури се сугерира да се патува во раните утрински и вечерни часови со правење почести одмори и конзумирање повеќе безалкохолни пијалоци.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.