Следи нѐ
To Top

Почина 22-годишното момче кое беше прегазено во сообраќајката кај Рампа

Стојанчо Андонов, 22-годишното момче што беше повредено од сообраќајката кај Рампа во Кисела Вода, утринава во 7.30 часот им подлегна на повредите. Момчето од Сингилиќ пет дена беше приклучено на апарати и се бореше за живот.

Министерот за внатрешни пред неколку дена најави дека записниците од сообраќајната несреќа се комплетирани и веднаш ќе бидат испратени во ЈО, но крим техничарите се уште ги вештачат моторот и БМВ-то, велат извори од полицијата.

Дејан Митровски – Урко, поранешниот шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го управувал автомобилот марка „бмв“, кој пред пет дена учествуваше во сообраќајната несреќа во Кисела Вода на булеварот Борис Трајковски.

На возилата им се врши вонреден технички преглед, а одделот за крим – техника ги анализира примероците со крвта од момчето и од Урко.

Според првичните информации, Митровски направил прекршок поминувајќи на две полни линии во моментот кога го удрил моторциклистот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.