Следи нѐ
To Top

Ники Ромеро се разбуди со поглед кон Охридското Езеро

Светски познатиот диџеј и продуцент Ники Ромеро по успешниот настап на стартот на фестивалот „Охрид колинг“, утрово се разбуди со прекрасниот поглед кон Охридското Езеро.

Познатиот Холанѓанец кој на својот инстаграм профил има повеќе од 2 милиони следачи напиша: „Добро утро Македонија!“, а на фотографијата доби повеќе од 10.000 допаѓања

Инаку според нашите информации Ромеро ја поминал ноќта во хотелот „Инекс Горица“, а објавената фотографија е направена од еден од луксузните апартмани во овој хотел, каде холандскиот диџеј ја поминал ноќта.

Фотографии од настапот во Охрид објави и младиот Феликс Де Лает, познат како Лост Фриквенсис, кој сподели: „Охрид вчеравечер гореше!“.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО ЛОСТ ФРИКВЕНСИС ЗА ПОПУЛАРНО

Инаку овие двајца познати диџеи настапија на стартот на фестивалот „Охрид колинг“, кој според организаторите бил посетен од преку 10.000 љубители на електронската музика.

Goodmorning Macedonia!

A photo posted by nickyromero (@nickyromero) on

OHRID LAST NIGHT WAS ? !! ??

A photo posted by Lost Frequencies (@lostfrequenciesmusic) on

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.