Следи нѐ
To Top

Покемоните во служба на американската изборна кампања

Изборните штабови на Хилари Клинтон и Доналд Трамп ја користат видео играта Покемон Го, која стана вистински светски феномен, за да привлечат нови избирачи, особено помладите.

– Овие играчи на Покемон штотуку се пријавија за изборите, објави неодамна на Твитер лидерот на демократите во Колорадо, Џо Макиелски, заедно со фотографија на две момчиња.

реклама

Клинтон неодамна изјави дека таа и нејзиниот изборен штаб сакаат да ја искористат популарноста на оваа игра за привлекување на избирачи.

– Не знам кој ја создаде играта „Покемон Го“, но се обидува да откријам како можеме да ја искористиме за да ги доведеме играчите до избирачките места, рече Клинтон во едно од своите обраќања до нацијата.

Играта Покемон Го за мобилни телефони, која ја произведе Ниантик Лабс во соработка со Нинтендо и неговиот огранок The Pokemon Company, ги поттикнува играчите на оваа игра да одат во потрага по виртуелни ликови кои се „сместени“ некаде во реалниот јавен простор.

Апликацијата е преземена повеќе од 75 милиони пати, мошне е популарна меѓу младите и со помош на неа може да се лоцираат други играчи.

Така изборниот штаб на Клинтон ги испраќа своите луѓе да ги посетуваат градските улици, парковите и други јавни места во потрага по љубители на играта, а нивна задача е барем на неколку минути да ги одвојат од мобилниот и потрагата по Покемон и да им помогнат да се впишат во избирачкиот список.

Кампањата на Трамп не заостанува во однос на овој тренд. Облакодерот „Трамп тауер“ во Њујорк е популарно место за играчите на Покемон Го, а минатата недела екипата на Трамп објави видеоснимка, на која Клинтон е прикажана како Покемон чудовиште со написот: „Не на маченичката Клинтон“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.