Следи нѐ
To Top

Вин Дизел стана прв актер со над 100 милиони пријатели на Фејсбук

Вин Дизел стана првиот холивудски актер, кој на Фејбук има повеќе од 100 милиони пријатели.

Дизел така влезе во престижната екипа на Кристијано Роландо и Шакира, кои досега се единствени кои имаат повеќе од 100 милиони обожаватели на Фејсбук.

Колкаво е значењето на ова достигнување, покажува и фактот дека дури и основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг на својот профил сподели фотографија со Дизел и му честиташе за 100-те милиони пријатели.

Познатиот актер е многу активен на неговиот профил на Фејсбук, а ретко се случува некоја објава да има помалку од милион лајкови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.