Следи нѐ
To Top

Џон Њуман ќе направи пауза во музичката кариера поради повторно појавување на тумор на мозокот

Британскиот поп пејач Џон Њуман, кој неодамна одржа голем концерт во Скопје, пред четири години дознал дека има тумор на мозокот. Тогаш подлегнал на терапија, по што израстокот се повлекол.

Но, лекарите откриле дека туморот се вратил во мозокот на Џон и дека има промени кои укажуваат на малигнитет. Дваесет и шестгодишниот пејач објави во соопштението за jавност дека ќе направи пауза во музичката кариера за да се подложи на радиотерапија.

реклама

„Сигурно е дека во еден момент ќе се дознаеше, па најдобро е сам да откријам. Редовно се контролирав откако првпат го оперирав туморот. Секогаш постоеше шанса дека ќе се врати, но јас сега сум подготвен да се справам со тоа, се надевам до следната година.

Медицинскиот персонал беше неверојано љубезен кохн мене и знам дека сум во најдобрите раце. Ништо нема да ме спречи да ја работам својата професија која толку многу ја сакам, ништо нема да ме спречи да создавам музика.

Луѓето не треба да се грижат за мене, прогнозите се добри и многу повеќе луѓе се во уште полоша ситуација од мене. Се надевам дека на овој начин ќе ја кренам свеста за тие луѓе и ќе ги охрабрам оние другите редовно да се контролират и да се лекуваат додека не е доцна.

Јас сум еден од тие среќници!

Џон“

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.