Следи нѐ
To Top

БРАЧНА КАВГА ЗАВРШИ СО СМРТ: Удавени маж и жена во езерото Калиманци

Брачниот пар од Македонска Каменица кои вчера се удавија во вештачкото езеро кај браната Калиманци, по се изгледа имале раправија пред падот во водата.

На телото на жената кое е пронајдено на површината на вештачкото езеро, има траги на насилство.

реклама

Меѓу сопружниците претходно имало расправија, а случајот бил пријавен во полиција од страна на нејзината мајка, по што двајцата со возилото се упатиле кон Делчево. Се претпоставува дека расправија уште пожестоко продолжила додека се возеле од Македонска Каменица кон Делчево.

Полицијата се уште трага по телото на 41 годишниот маж и возилото за кое се претпоставува дека е во водата кај браната Калиманци.

Инаку, настанот се случил вчера околу 16 часот. Според првичните информации автомобилот марка „форд“ и беживотното тело на 30- годишната жена на површината на водата ги забележал полицаец, кој патролирал на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица. Засега нема потврда дали е пронајдено телото на сопругот, кој се претпоставува дека го возел автомобилот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.