Следи нѐ
To Top

Таксистите во Њујорк не мора да знаат англиски јазик

Таксистите од Њујорк повеќе не мора да знаат англиски јазик, соопштија градските власти.

Градскиот совет најави промена на досегашното правило кое важеше за полагање на испит за таксистите. Испитите ќе бидат полагани на неколку странски јазици, а примарна причина за таквата одлука е желбата на властите на Њујорк да им пружат поголеми можности за вработување мигранти.

Статистички гледано, таксистите во Њујорк потекнуваат од 167 држави, а само четири отсто од нив родени се во САД.

Најголем број таксисти во Њујорк се од Пакистан и од Бангладеш.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.