Следи нѐ
To Top

Ретка појава на диви фламинга во делтата на Дунав во Романија

Здружението на романски орнитолози соопшти денеска дека во делтата на Дунав се забележани четири диви фламинга, кои се појавиле на тоа место првпат по 30 години.

Орнитолозите соопштија денеска дека долгоногите розови птици биле забележани на 20 август во езерото близу до Ваду, мало гратче на Црното Море, јужно од делтата на Дунав.

Претставник на Здружението, Овидиу Буфнила, изјави дека последен пат двојка фламинга биле забележано во 1985 година.

Тој истакна дека четирите птици со розови перја, нема да останат во Романија, туку ќе мигрираат кон потоплите краеви во Африка и Азија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.